Европските кошаркари владеат во НБА лигата: Сабонис, Јокиќ и Дончиќ се запишаа во историјата.
Далас Маверикс ја прекина победничката серија откако загуби на гостувањето кај Голден Стејт со 100-104, но Лука Дончиќ дојде до 20. трипл-дабл во сезоната, постигнувајќи 30 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Со тоа, првпат во историјата, тројца европски кошаркари во една сезона стигнаа до најмалку 20 трипл-дабл натпревари. На врвот во оваа статистичка категорија е Сабонис со 26, Јокиќ има 23, а Дончиќ од синоќа 20.
Ова е доволен доказ дека европските кошаркари владеат со НБА лигата, нешто што пред 2-3 децении беше незамисливо.Лука Дончиќ е и најдобар стрелец оваа сезона, а веднаш зад него е грчкиот репрезентативец Јанис Адетокунбо, додека Сабонис е и најдобар скокач пред Французинот, Руди Гобер.