Аргентинскиот голгетер од калибарот на Мауро Икарди може да направи голема грешка и да не погоди празна мрежа од само неколку метри, но  она што го направи на натпреварот против Хатајспор е просто неверојатно.

По еден одличен центаршут на Јилмаз, Икарди пред себе имаше чиста позиција и празна мрежа – но неуспеа да ја погоди празната мрежа. Ова негово промашување може и да се заборави, доколку направеше сè фудбалски, односно наместо со десната да шутираше со левата нога, нешто што би го направиле 99% од останатите голгетери од светска класа. Тој одлучи да шутира со десна нога и епилогот е очекуван.

 

Инаку, Аргентинецот дресот на Галатасарај го носи втора сезона, откако претходно три години беше во ПСЖ и шест во Интер.