Олимпик Лион е прв учесник во финалето на Купот на Франција. Славниот француски клуб, кој оваа сезона мина низ турбулентен период, влегува во посакуваниот ритам и покрај одличните игри во домашниот шампионат, сега ги израдува своите фанови со сигурна победа во Купот, со која се пласира во финалето.
На „Парк Олимпик Лион“ со убедливи 3-0 совладан беше тимот на Валенсиенсес, откако претходно победуваше воглавно со екипи со послаб квалитет.
Пласманот на Лион во финалето го обезбеди првата ѕвезда на тимот Лаказет со головите во 51. и 57. минута, додека конечните 3-0 го постави резервистот Орбан.
Во дуелот за трофејот фудбалерите на Лион ќе се судрат со подобриот од утрешниот натпревар меѓу ПСЖ и Рен.