Екипата на Спортинг Лисабон на Рубен Аморим е првиот финалист на Купот на Португалија и сонува историска двојна круна во португалскиот фудбал. „Лавовите“ ја елиминираа екипата која е актуелен првак на Португалија, Бенфика на Роџер Шмит, со вкупни 4-3. По победа на првиот натпревар со 2-1 на „Жозе Алвеладе“, „зелено-белите“ одиграа 2-2 (0-0) на „Да Луж“ и слават во дуелот со далеку потрофејниот и популарен градски ривал.

Одлуката падна на почетокот од второто полувреме. Засилувањето од Лече, Данецот Хјулминг ги доведе фудбалерите на Спортинг во водство во 47. минута. Бенфика само пет минути подоцна со голот на Николас Отаменди израмни на 1-1.

 

Во второто полувреме се случуваше вистинска лудница. Паулињо ја врати предноста на Спортинг во 55. минута, а Рафа Силва во 64. минута вторпат израмни (2-2). Следуваше фуриозен финиш на Бенфика, голем притисок и четири напаѓачи на терен, но резултатот не се менуваше.

Противник на Спортинг во финалето ќе биде поуспешниот од второто полуфинале меѓу Виторија Гимареш и Порто.