Фудбалерите на Ница направија изненадување во осминафиналето на Купот на Франција елиминирајќи го Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ по подоброто изведување пенали.
По 90 минути немаше голови, а потоа по седум серии од пенали резултатот беше 6:5 во корист на тимот од Азурниот брег.
Решавачка беше седмата серија во која 38-годишниот Данте погоди со „Паненка“ за водство на Ница, а потоа 18-годишниот Чави Симонс шутираше лошо, односно Марцин Булка одбрани и го однесе аутсајдерот во четвртфиналето.
Булка одбрани два пенали, првиот на Леандро Паредес, а инаку тој е голман на ПСЖ на позајмица во Ница.
Претходно сигурни домашни изведувачи беа Меси, Мбапе, Дракслер, Верати и Бернат.
Шнајдерлин, Тодибо, Атал, Гуири и Гесанд погодија за Ница, додека единствениот пенал го промаши Делор, поточно го одбрани Џиџи Донарума.
https://www.youtube.com/watch?v=Y_VNpScztkc