Од стартот Пикси тргна со двајца напаѓачи, Влаховиќ и Митровиќ, но на сметка на капитенот Душан Тадиќ кој остана на клупата. „Гордиот Албион“ беше поконкретен. Веќе во 13. минута Џуд Белингем се најде на вистинското место на петерецот, а топката со помош на блокот му ја нафрли Букајо Сака. Белингем практично ја „закова“ со глава во мрежата оставајќи го Рајковиќ немоќен.
Во вториот дел Англичаните не изгледаа најдобро. Србија се опушти, ја презеде топката и играта на средината на теренот. Имаше моменти во кои Англија беше на маки, но ривалот не успеваше да ја казни индиспонираноста. Англиските фудбалери делуваа преопуштено и тоа можеше да биде проблематично. И покрај единствената шанса на фаворитот таа беше сериозна, Хари Кејн со глава ја погоди пречката со удар со глава.
Во завршницата целосно притисна Србија, а имаше и две добри шанси. Прво Влаховиќ, а голманот на Евертон со атрактивна парада спаси.
По корнерот се закани и Бирманчевиќ, но неговиот удар од неколку метри пред голот со глава го одби Кејн. Се закани и Сергеј Милинковиќ-Савиќ со удар од голема далечина, меѓутоа резултатски промени немаше.