Ф. Острови 🇫🇴 1 – 1 🇲🇰 МАКЕДНИЈА (Јоханесен 8- Ѓорѓиевски 55)
Состав на Македонија : Денковски , Хајдари (Toшевски 72′) , Манев , Младеновски , Антовски , Ферати (Тодоровски 46′) , Адем (Гроздановски 84′) , Воша , Трајкоски (Максимов 46′) , Рустемовски (Станковски 72′) , Ѓорѓиевски
Македонија (У-21) по три одиграни кола има два бода на своето конто.
Денеска одигравме две дијаметрално спротивни полувремиња. Во првото бевме целосно немоќни и надиграни од противникот. За разлика од првите 45 минути, во вториот дел ја контролиравме играта, постигнавме гол, но за жал не успеавме да дојдеме до комплетен пресврт.

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше (1-1) на гости против Фарски Острови во третиот меч од квалификациите за ЕП 2023. Селекцијата на Драги Канатларовски нема победа по три меча и ќе се обиде да оствари триумф на следниот дуел против Ерменија.

Репрезентацијата на Фарски Острови поведе уште во 8 минута со голот на Јохансен по еден карамбол во нашиот шеснаесетник и без поголем пробле го задржа водството до крајот на полувремето .

Во второто полувреме Канатларовски направи неколку промени и нашата селекција почна да функционира подобро. Успеавме да израмниме до голот на Марко Ѓорѓиевски во 55.минута, на асистенција на Антовски. До крајот, сепак, Фарски Острови успеа да го сочува ремито.

https://www.youtube.com/watch?v=HMcB1DxZuwk&t=7s