Веста која дефинитивно го шокираше фудбалскиот свет е отказот за Томас Тухел.
За волја на вистината, Челзи имаше прилично лош почеток на сезоната и се чини дека Тухел не ги стави работите под контрола и уште поважно – не знаеше по кој пат да тргне по таквиот почеток?
Сигурни извори брзо ја објавија информацијата дека резултатите не биле толку клучни за разделбата со Тухел, но новото раководство на чело со сопственикот Тод Боли се запрашало дали Германецот е вистинскиот човек за почеток на новата ера?
Наводно, според блиски извори, неговата иднина би била доведена во прашање без разлика на резултатот во Загреб, бидејќи во клубот се зголемувала загриженоста дали Тухел се вклопува во новата визија на клубот.
Веднаш потоа, очекувано, започна наддавањето за потенцијална замена, а посебно се издвојува едно име – Грем Потер!
Прави чуда на клупата на Брајтон, буквално е прашање на време кога ќе добие шанса во поголем клуб.
Тој претходно беше поврзуван со Тотенхем, но конкретни потези никогаш не се реализираа.
Потер е тактички мајстор, неговиот Брајтон игра напаѓачки фудбал со минимален буџет и веќе две години бележи одлични резултати.
Пред Брајтон, тој го водеше Свонси во сезоната 2018/19, кого го спаси од испаѓање од Чемпионшип. Кога Крис Хјутон доби отказ од Брајтон, доби покана од Премиерлигашот која не можеше да ја одбие.
Дали сега и во Челзи ќе биде така ?
Сепак, Потер не е единствениот кандидат, не треба да заборавиме дека Маурицио Покетино е слободен на пазарот, дека го водеше Тотенхем во Лондон, дека има огромно искуство во Премиер лигата, иако го „оцрнија“ лошите резултати во Пари Сен Жермен.
Ги чекаме понатамошните случувања, ќе биде многу интересно во наредните денови…