Самиот финиш од првото полувреме во Париз донесе голема тензија и драма на теренот и трибините, бидејќи голот кој го постигна Бензема беше милиметарски прегледуван од страна на судиите во ВАР собата.
Главниот арбитар Турпан чекаше информација од ВАР собата, а на крајот ја доби истата и воопшто не отиде да ја гледа ситуацијата по која Реал можеше да има водство, а Ливерпул негатива на паузата.
На крајот беше проценето дека станува збор за офсајд ситуација, без оглед на тоа што топката ја удри и Фабињо пред истата да се врати кај Бензема.
Итуралде Гонзалес како експерт за „АС“ веднаш ја коментираше спорната ситуација и порача дека дека е досуден офсајд бидејќи станува збор за блок на опасна ситуација.
– Голот е поништен бидејќи судиите сметаат дека топката прво ја удира Валверде, а потоа завршува во Фабињо како одбиена и по направен блок на опасна ситуација. Поради тоа голот е поништен. За мене, голот е оправдано поништен, – заклучи Итуралде.