Ал Наср имаше блед старт во новата првенствена сезона во Саудиска Арабија, но конечно одигра одлично, а главен егзекутор беше Кристијано Роналдо.
Португалецот имаше хет-трик во победата на неговиот тим на гости кај Ал Фатех со 5-0. Другите два гола беа дело на Сенегалецот Садио Мане, а при едниот извонредно му асистираше Португалецот, колку да покажат дека можат двајцата да функционираат на теренот. По поразите од Ал Етифак и Ал Тавон, ова се први три бода за Ал Наср во новата сезона.
https://twitter.com/vini_ball/status/1695143864187732394?s=20