Суперѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, го прокоментира шокантниот пораз на „гаучосите“ од Саудиска Арабија со 1-2 во првиот натпревар на Светското првенство 2022 година во Катар.
„Нема оправдувања. Ќе бидеме пообединети од кога било. Овој тим е силен и го покажа тоа. Ова е ситуација низ која не сме морале да поминеме долго време. Сега треба да докажеме дека сме вистински тим“, изјави Меси.
„Тоа е многу тежок удар за сите, не очекувавме да започнеме вака. Работите се случуваат со причина. Мораме да се подготвиме за она што доаѓа, да победиме затоа што се уште се зависи од нас”, продолжи тој.
Меси ја коментираше и неочекуваната квалитетна игра на Саудијците.
„Знаевме дека Саудиска Арабија е тим со добри играчи кои добро ја движат топката и играат кон напред. Работевме на тоа, но бевме премногу нетрпеливи и направивме многу грешки”, истакна капитенот на Аргентина.