Мексико фудбалски беше подобар, па и поконкретен, ама Полска ја имаше шансата на натпреварот за победа а Роберт Левандовски не успеа да погоди од пенал, па со промашувањето во ремито без голови, Полјаците се запишаа во црната историја на Светските првенства.
Нема селекција која успеала да промаши три пенали по ред на Мундијалите, како Полјаците со утката на својата најголема ѕвезда, па со тоа влегуваат во историјата. Прв пенал на Мундијалите кој Полска го добил е во 1978 година и Дејна го промаши против домаќинот Аргентина, а Зуравски утна во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја против САД, па сега Левандовски не успеа откако Гиљермо Очоа му го одбрани ударот.
Инаку Левандовски нема дадено гол на Светските првенства и сѐ уште е на нула голови од 11 шута.