Шпанската минатогодишна сензација и дебитант во Лигата на шампионите, Џирона, се подготвува за историски настап во елитниот ранг на УЕФА.
Хитот од минатата сезона во Примера го најави претстојниот натпревар против ПСЖ и ќе има тешка задача на „Паркот на принцовите“, а во објавата на „икс“ го постави нашиот репрезентативец Бојан Миовски.