Пако Генто, името под кое се прослави Франциско Генто Лопез, почина на 88-годишна возраст. Легендарното лево крило на Реал, за кого од 1953 до 1971 година одигра 600 натпревари и постигна 182 гола, е единствениот фудбалер во историјата кој шест пати го освоил Европскотн куп на шампиони. Тој важи за еден од најдобрите шпански фудбалери во историјата.
Генто ги освои сите шест титули во Купот на европските шампиони играјќи за Реал. Со Реал освои и 12 шампионати на Шпанија, два Копа дел Реј и еден Интерконтинентален куп. До неговата смрт беше почесен претседател на Реал Мадрид, функција која ја наследи по смртта на неговиот голем пријател и соиграч Алфредо ди Стефано. Двајцата го предводеа Реал до пет последователни европски титули, потфат што никој не може да го повтори.