Новак Ѓоковиќ вчера пристигна во Србија откако беше протеран од Австралија. Најдобриот тенисер на светот помина 11 дена во Австралија борејќи се со тамошните власти за да влезе во земјата и да игра невакциниран на Австралија опен, но на крајот судот одлучи дека мора да ја напушти Австралија.
Во одбраната на Ѓоковиќ застана Џон Мекинро, легендарниот американски тенисер. „Не знам од каде да почнам. Да го анализирам делот зошто не бил вакциниран? Или делот каде добил коронавирус? Или делот каде што му дале виза? Или делот кога отишол на патување и одеднаш рекоа дека има многу луѓе кои се жалат и кои ќе направат проблеми“, рече Мекенро, откривајќи дека му испратил порака и на Ѓоковиќ.
„Контактирав со него и му испратив порака дека ова е срање. Ако одлучи да не се вакцинира и австралиските власти кажат дека не смее да дојде ако не е вакциниран, тоа е крајот на приказната. Тој немаше да појде. Тој има силни верувања и од него зависи дали ќе се вакцинира“.