По три часа и 35 минути игра во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, новата шпанска тениска ѕвезда Карлос Алкараз го совлада големиот Новак Ѓоковиќ и повторно ќе игра во финале на еден голем турнир од АТП серијата.
Српскиот ас беше многу блиску до прво финале оваа сезона, имаше водство од 1-0 во сетови, но не го издржа ритамот на младиот Шпанец и спортски го призна поразот.
„Имав проблем да ги контролирам неговите топки, очигледно поради надморската висина, беа побрзи, беше навистина многу тешко. Исто така, имав проблем со бекхендот, не можев да се позиционирам како што сакав и тоа донесе многу лесни поени на противникот. Тој беше психички добро подготвен. За негови години да игра толку зрело и храбро, тоа е импресивно. Карлос заслужи да победи“, рече Ноле.
Во големото финале во Мадрид, Алакраз ќе се судри со Александар Зверев кој беше поуспешен во второто полуфинале од Циципас.