Рожер Федерер и официјално ја заврши својата професионална тениска кариера.
По 1527 меча, 1251 победа, 310 недели на врвот на АТП-листата, 103 трофеи, 31 финале на Грен слем, 28 титули на мастерс, 20 грен слем титули, пет години завршување како број еден, легендарниот Швајцарец го закачи ,,рекетот на клин”.
Со дублот на Лејвер купот во Лондон со Рафаел Надал против Џек Сок и Френсис Тиафо ја заврши својата богата кариера со пораз во три сета – 4:6, 7:6, 11:9.
Збогувањето беше величествено, бидејќи покрај теренот беа сите најдобри играчи во светот, почнувајќи од Новак Ѓоковиќ, кој ги бодреше, па дури и ја имаше улогата на тренер во одредени моменти, па се до остатокот од тимовите на Европа и Светот.
Без разлика на разликата во години и форма, оваа вечер Федерер беше ако не подобар, тогаш поконстантен од Надал со кој беше во тимот.
Во првиот сет сите сервери беа многу сигурни до 10. гем кога Швајцарецот и Шпанецот направија брејк за водство од 1:0.
Потоа Сок и Тиафо го одзедоа сервисот на Надал на стартот од вториот, но таа предност не ја задржаа до крајот, туку се врати европскиот тим и до крајот гледавме одличен тенис, а победникот моравме да го бараме во тај-брејкот.
Таму Европејците го загубија залетот и Американците лесно го освоија сетот, а воедно влегоа и во супер тај-брејкот со што ја затворија ерата на Рожер Федерер.
Надал и тој брзо поведоа со 3:0, но Сок и Тиафо подеднакво брзо израмнија на 3:3.
Тогаш видовме еден од најневеројатните поени, не само на овој натпревар или турнир, туку и во цела 2022 година .
До крајот се играше речиси поен за поен, па имавме резултат 5:5, 6:6, 7:7, 8:8, 9:9.
Се додека Џек Сок на својот 30-ти роденден не го реши мечот и не израмни за светскиот тим на овој дуел од Лејвер купот.
Во исто време го испрати Роџер Федерер во пензија.