Во натпреварот од првото коло на Зелената група, Новак Ѓоковиќ го победи дебитантот Каспер Руд со 2:0, по сетови 7:6 и 6:2.
Норвежанецот се обиде да го изненади Ѓоковиќ, пред се со сервис, кој одлично го послужи, што се гледа и по резултатот во првиот сет, кој Новак го отвори со два загубени гема. Во шестиот гем Србинот успеа да го врати брејкот, но првиот сет отиде во тај-брејк и со 7:4, по еден час игра го освои првиот сет. Вториот сет го отвори со брејк, а потоа со нов во петтиот гем го трасираше патот до лесна победа.
Следниот меч Новак го игра во среда, а ривал му е Андреј Рубљев.