Александар Митровиќ беше апсолутен херој на српската фудбалска репрезентација во Лисабон. Напаѓачот на Фулам го постигна победничкиот гол во 90. минута од натпреварот (1-2) и ја одведе својата селекција директно на Мундијалот.

По завршувањето на мечот, го кажа и рецептот.

„И за да оди на Светско првенство и за да се освои турнир, за вас е исто – пиво и пица“, го откри Митрогол рецептот за успех.