Фудбалерите на Бугарија ќе жалат за пропуштената шанса за прв триумф во квалификациите за ЕП 2024, откако вечерва ремизираа во дуелот на домашен терен против фаворитот Србија (1-1) и тоа со гол примен буквално во последните секунди од натпреварот.
- Бугарија – Србија 1-1:
Во рамките од групата Г се одигра уште еден натпревар, на кој Унгарија со голoвите на Варга славеше очеувана победа од 2-0 над Литванија и го презеде врвот на табелата со седум бода, колку што има и Србија.
- Унгарија – Литванија 2-0:
Кристијано Роналдо, пак, кој знае по кој пат беше херојот на Португал, овој пат со голот во 89. минута со кој ѝ донесе триумф на својата селекција на гостувањето кај Исланд (1-0). За него ова беше посебен натпревар, со оглед што дојде до бројката од 200 настапи за португалската репрезентација, со што е далеку најдобар во оваа категорија и поради што влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Своја вечер имаше и Ерлинг Халанд, кој со два погодока ја предводеше Норвешка до триумф во дуелот на домашен терен против Кипар (3-1).
РЕЗУЛТАТИ: Австрија-Чешка 2-0, БиХ-Луксембург 0-2, Бугарија-Србија 1-1, Естонија-Бугарија 0-3, Ф. Острови-Албанија 1-3, Исланд-Португалија 0-1, Лихтенштајн-Словачка 0-1, Унгарија-Литванија 2-0, Молдавија-Полска 3-2, Норвешка-Кипар 3-1.