Најсилните фудбалски првенства во Европа завршија, а во последното коло беа крунисани шампионите на Англија и Италија, односно Манчестер сити и Милан, но фотографиите од прославите покажуваат кој е повеќе популарен тим.
„Граѓаните“ често ги нарекуваат пластичен клуб затоа што богатите газди инвестираа повеќе од милијарда евра по доаѓањето на Пеп Гвардиола за да доминираат во англискиот фудбал, но никако не успеваат да ја освојат Лигата на шампиони (ЛШ), а интересно е тоа што на социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се забележат стотина фанови.
Милан, од друга страна, стана шампион на Италија по 11 години и тоа го „запали“ Милано, па Скудетото се славеше пред цел град.