Голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски најверојатно ќе биде нов играч на Барселона. Откако Баерн не сакаше да му го продолжи договорот кој трае до летото 2023 година, полскиот напаѓач се договори со Барселона да потпише тригодишен договор.
Според „Марка“, Баерн Минхен и Барселона се уште не се договориле за трансферот. Левандовски би можел да замине бесплатно за една година, но Барселона предолго би го чекала, особено поради фактот што има 33 години.
Наводно, Баерн нема проблем да го задржи Левандовски уште една сезона. Баварците одредија цена од 50 милиони евра под која нема да се согласат да го продадат голгетерот.
Барселона е во финансиски проблеми, поради што се шпекулира дека нема да може да го доведе Левандовски.