Овој викенд Барселона воодушеви на натпреварот Атлетико Мадрид и славеше со 4:2, и по долго време одигра убедлив натпревар кој нејзините навивачи го прославија на улиците во градот. Особено расположен за прославата беше Дани Алвеш, кој неодамна се врати во Барселона.

По натпреварот играчите беа пречекани пред стадионот од стотина навивачи, а нивната комуникација со Алвеш стана вирална на социјалните мрежи. Еден од навивачите на Барселона и рекол на девојката на Алвеш дека е убава, а Алвеш го слушнал тоа и одговорил со гест со кој на шега му дал до знаење дека “го има на око”.

Насобраните фанови експлодираа од смеа, а видеото се прошири на социјалните мрежи.