Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година оствари минимален триумф (1-0) над БиХ на пријателскиот натпревар одигран на стадионот во Ѓорче Петров. Стрелец на победничкиот гол за нашата млад селекција беше Луан Абази во 48.минута од дуелот.

Новата генерација млади фудбалери до 21 година почна победнички, а нов тест против Босанците ќе има и на 12 јуни, на мечот што ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.