Фудбалерите на Пари Сен Жермен имаа солидно водство од 2-0 на домашен терен против Брест, но на крајот мораа да се задоволат  само со бод, играјќи 2-2. Во финишот, ПСЖ остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Баркола.

Маркос Асенсио и Коло Муани му донесоа предност од 2-0 на францускиот шампион по првото полувреме. Но, Брест не се предаде.

 

 

Камара со гол во 55.минута го намали резултатот, а Переира во 80.минута израмни на 2-2.

ПСЖ е лидер и сега има шест бода предност пред Ница на врвот на табелата во францускиот шампионат.