Марсеј триумфира во големото дерби со ПСЖ во Купот на Франција, домаќините победија со 2-1, Малиновски постигна супер гол од далечина.
Марсеј поведе во 31. минута со гол од пенал на Алексис Санчез. Прекршокот за најстрога казна го направи Серхио Рамос.
Во судиското продолжение од првото полувреме Рамос постигна гол со глава и израмни на 1-1.
Клучниот момент се случи во 57. минута, кога Малиновски „испука ракета“ во мрежата на Донарума и донесе победа за Марсеј од 2-1.