Македонскиот фудбалски интернационалец Влатко Стојановски се најде во тимот на 29. коло во Првата фудбалска лига на Хрватска. Тој го постигна победничкиот гол за Горица во триумфот (0-1) против Шибеник.
Стојановски погоди во 40. минута и донесе три бода за својот тим, а доби и одлична оценка за својот настап.