Германија опасно висеше над бездната, но Никлас Фулкруг со голот во 83.минута успеа да донесе реми против Шпанија во големото дерби од второто коло во групата Е на Светското првенство. Сега ќе мораат да остварат убедлив триумф над Костарика за да се пласираат во нокаут фазата.

Шпанците беа блиску до осминафиналето откако Алваро Мората во 62.минута постигна гол за водство на „црвената фурија“.

Во првиот дел, Дани Олмо сериозно се закани, а Мануел Нојер со одлична интервенција и со помош на гредата успеа да спаси сигурен гол.

Антонио Рудигер постигна гол со удар со глава по прекин, но се покажа дека бил во офсајд позиција при влетувањето во шеснаесетникот.

Во последните мигови Лирој Сане имаше убава шанса и за пресврт, но влезе во дриблинг и не успеа да го совлада Унаи Симон.

 

https://twitter.com/razamemesby/status/1596969076269940736?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1596969076269940736%7Ctwgr%5E946503d56786f782b42c14d9fa9dd78e5a787a8b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fgermanija-prezhivea-protiv-shpanija-i-sprechi-istoriski-sram-video%2F