Додека трае Мундијалот, за некои лиги нема пауза, особено за пониските, како што е случајот со турскитe второлигаши, од каде денеска доаѓаат грозоморни сцени, по што е прекинат мечот Гезтепе – Алтај.
Се започна кога меѓу навивачите на Гезтепе беше фрлен факел од навивач на Алтај, а потоа еден од навивачите истрча на теренот и со корнер знаменце го претепа голманот на Алтај, Озан Гувенц.
Еден од навивачите на домашната екипа е тешко повреден откако бил погоден од факел, па под трибината веднаш биле испратени две амбулантни возила, а на местото бил и голманот Гувенц.
Навивачот истрча на теренот, го зеде корнер знаменцето и неколку пати сериозно го удри голманот, по што веднаш беше уапсен од полицијата.
https://twitter.com/gchahal/status/1596909878085550080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1596909878085550080%7Ctwgr%5Ee8b4473d36199cf938ad6acad382a0a1878f1daf%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fludilo-vo-turtsija-navivach-zema-korner-znamentse-i-go-pretepa-golmanot-video%2F