Актуелниот европски и клупски шампион Челси славеше против Кристал Палас со 2-0, иако не одигра добар натпревар, се пласира во финале па за титулата во ФА-купот ќе се бори против Ливерпул.

Двата гола за „сините“ беа постигнати во второто полувреме и тоа по одлични акции, кои ги искористија Лофтус-Чик и Маунт.

Ливерпул претходно се пласираше во финале по победата против Манчестер сити од 3-2.