Веста дека Лионел Меси е позитивен на коронавирус утрово обиколи ширум светот и го турна ПСЖ во нови проблеми.

Потсетуваме, четворица играчи меѓу кои и Меси и еден член на стручниот штаб беа позитивни на последниот тест и се во изолација. Најверојатно аргентинскиот напаѓач поради тоа ќе пропушти најмалку два натпревари на својот клуб, еден во купот и еден во првенството.

Многу брзо по објавувањето на веста, навивачите на ПСЖ се сетија на снимката од пред само неколку дена. Имено, Меси за време на празниците беше во Аргентина со семејството. Неколку портали објавија видеа на кои тој се забавува и танцува со сопругата и пријателите опкружен со стотици луѓе, што е спротивно на епидемиолошките препораки.

https://twitter.com/lengletszn/status/1477218592491929602?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1477218592491929602%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fmessi-je-pozitivan-na-koronavirus-pogledajte-sto-je-radio-prije-tri-dana%2F2329656.aspx

 

https://twitter.com/ESPNFC/status/1476342348854538240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1476342348854538240%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fmessi-je-pozitivan-na-koronavirus-pogledajte-sto-je-radio-prije-tri-dana%2F2329656.aspx

Ова видео би можело да го доведе Меси во неволја. Имено, тој еднаш се најде во несогласување со клубот. Тоа беше во ноември кога откако пропушти неколку натпревари за ПСЖ поради повреда, отиде да игра за аргентинската репрезентација.