Шона Шукрула е најпознатата холандска фудбалска судијка. Поранешната фудбалерка стана првиот судија во земјата со значка на ФИФА за прва категорија судии.
Таа веќе ја судеше женската Лига на шампиони, а наскоро би можела да стане и првиот женски судија кој ќе суди во првата машка холандска лига. Атрактивната судијка е една од темите на денот бидејќи конечно откри со кого е во врска, а објавата е малку контроверзна.
Имено, таа на Инстаграм објави слика со Џеф Хардевелд. Тој е играч на второлигашот Емен, а во таа лига суди и Шукрула.
Покрај големиот број честитки, на профилот има и бројни пораки од навивачите дека ваквата објава не е професионална и ја нарушува регуларноста на лигата. Останува да видиме дали холандската судијка ќе биде делегирана да му суди на нејзиното момче.