Баер Леверкузен ја прекина долгата низа од 14 победи по ред во сите натпреварувања откако одигра 1:1 во дербито против Борусија Дортмунд. И по ова реми, Баер останува лидер на табелата со 35 бодови, три повеќе од Баерн Минхен, додека Штутгарт е трет со 30 бодови. Борусија Дортмунд има 25 бодови и е на петото место на табелата.
Гостите од Дортмунд одлично го започнаа дербито и поведоа со голот на Риерсон во петата минута од дуелот. Потоа следуваше офанзива на Леверкузен, кој даде гол во 45 минута, но беше поништен поради офсајд. И во вториот дел продолжија домаќините да напаѓаат и на крајот тоа резултираше со погодок во 79 минута кога Бонифејс израмни на 1:1.
Екипата од Леверкузен упати дури 22 шута гон голот на гостите кои беа ориентирани на одбрана, а на крајот милионерите го најдоа „лекот“ да го сопрат победничкиот поход на Фармацевтите.