Драматично беше на „Стемфорд бриџ“ каде Челси со два гола од пенал на Жоргињо дојде до триумф од 3-2 против Лидс Јунајтед. Гостите поведоа со голот на Рафиња во 28.минута, но израмни Мејсон Маунт во 42.минута.
Во вториот дел, Челси поведе од пенал со голот на Жоргињо во 58.минута, но шокот следеше во 84.минута кога Гелхарт израмни на 2-2. Сепак, во 94.минута, беше досуден нов пенал за Челси по прекршокот над Рудигер, а го реализираше повторно Жоргињо.