Ретко е активните играчи на некој клуб, колку и да се важни и добри, да ја добијат честа што ја доби капитенот на Динамо, Аријан Адеми. Во близина на основното училиште Петрушевац во Загреб беше откриен мурал во чест на Аријан Адеми.
„Никогаш не било пракса да се цртаат активни играчи на клуб, вклучително и Динамо но кога станува збор за Адеми ова е сосема заслужено.
Минатата сезона видовме колку недостигаше Адеми во играта на Динамо, а во овој дел се надеваме дека ќе го води тимот против Севиља, како и во одбраната на титулата и гордо ќе ја носи капитенската лента уште многу години“.
Адеми на Максимир пристигна во 2010 година и со својата посветеност, лојалност и квалитет се наметна како еден од најважните играчи на сините во поновата историја на клубот. Од 2017 година е капитен на клуб од кој и покрај бројните понуди никогаш не сакаше да замине.