Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино ги изнесе своите впечатоци по натпреварот со Реал Мадрид.
ПСЖ дојде во Мадрид со победа од 1-0 од првиот меч, водеше со 1-0 во Мадрид и на крајот загуби со 3-1.
Хет-трикот на Карим Бензема им пресуди на парижаните и ги елиминираше од Лигата на шампионите.
„Кога ќе го примите голот како што примивте ( грешка на Донарума), се се менува, се менува атмосферата на стадионот, се се менува. . Од секој агол се гледа дека тоа беше чист фаул. Не ми се верува дека ВАР не реагираше“, вели Покетино.
Тој смета дека тие биле подобар тим.
,,Се беше решено за 10 минути. Бевме подобар тим на двата меча. Се распаднавме едноставно. Невозможно е да се објасни“, изјави Аргентинецот.
Неизбежно прашање е неговото останување на клупата и останувањето на Мбапе.
,,Сега не можам да зборувам за тоа, разочаран сум“, заклучи Покетино.