Мајорка оствари многу важен триумф (2-1) над Рајо Ваљекано за кој бранеше Столе Димитриевски. Домаќинот погоди во судиското продолжение преку Абдон Пратс и дојде до победа.

Енис Барди и соиграчите со победа од 3-1 се простија од своите навивачи во елитата. Леванте славеше против Алавес, а македонскиот репрезентативец играше до 80.минута.

Кадиз одигра 1-1 против Реал Мадрид и ги сочува шансите за опстанок, а ремизираа и Атлетико Мадрид и Севилја (1-1) на „Ванда Метрополитано“.