Македонската репрезентација високо и убедливо загуби вечерва на домашен терен со 0:4 во рамките од квалификацискиот циклус против лидерот во нашата група, репрезентацијата на Германија. Селекторот Благоја Милевски изјави по мечот дека е задоволен од она што Македонија го одигра вечерва, осоено во првиот дел и дека примените голови односно високиот пораз е исклучиво поради наши грешки.
„Да и честитам на Германија за победата, но од друга страна не можам, а да не бидам заодоволен од транзиициите кои ги имавме, и кои за жал не ги искористивме. Четирите примени гола се исклучиво по наши грешки, и тоа нема никаква врска со тактичка поставеност. По примениот гол паднавме пред се физички, веројатно поради слабата подготвеност на некои играчи“ – изјави селекторот Благоја Милевски па додаде.
„Адеми е многу важен за нас во сите тактички замисли. Откако излезе тој имавме малку вакуп од пет шест минути но потоа бевме ок. Против Германија мора да си на највисоко ниво во сите деведесет минути, а не само во едно полувреме. Германија казнува секоја грешка, не простува, и тоа нам ни се случи вечерва„ – изјави Милевски и финишираше.
„Голема благодарност до публиката, за она што го направи вечерва, за посетеноста и за атмосферата. Денеска беше прекрасно да се биде на терен. ОД друга страна извинување за она што ние го одигравме во вториот дел, за грешките, но тие се составен дел од фудбалот. Не се откажуваме од овие квалифиакции напротив ќе ја искористиме секоја шанса која што ќе ни се пружи до крајот на истите. Да, ние сме во фаза на создавање на нова генерација, која што треба да стаса за следниот квалификациски циклус, но далеку од тоа дека ние се окажуваме од нешто напротив“ – рече нашиот кормилар.