Каталонскиот гигант Барселона ги освои првите три бода во ЛШ. По поразот од Монако во претходното коло, Каталонците не дозволија ново изненадување и со убедливи 5-0 (3-0) го декласираа швајцарскиот Јанг Бојс.
Со нив стигна до вкупно 96 во елитното натпреварување и многу веројатно до крајот на сезоната ќе ја пробие границата од 100 гола со што ќе им се придружи на Кристијано Роналдо и Лионел Меси како трет кому му успеало тоа. Освен ова, Левандовски се запиша во историјата на Лигата на шампионите по уште еден параметар.
Тој стана само втор фудбалер во постоењето на елитното натпреварување кој постигна барем по 10 гола за три клуба. За Борусија Дортмунд реализира 69, за Баерн 69, а со денешните два, до 10 за Барселона. Претходно, тоа му успеа само на Роналдо кој погодуваше за Манчетсер Јунајтед (16), Реал (105) и Јувентус (14).
Прва домашна радост донесе искусниот Роберт Левандовски, кој на додавање на Рафиња ја смести топката во противничката мрежа, но она што вреди да се издвои е прекрасната акција на момците на Флик во која учествуваа скоро сите фудбалери од средниот ред и нападот Јамал му додаде на Рафиња, овој до Левандовски а полскиот голгетер донесе рано водство уште во осмата минута. До крајот на првото полувреме мрежата на гостите се тресеше уште двапати. Во 34. минута Рафиња зголеми на 2-0, а Ињиго Мартинез на асистенција на Педри погоди за убедливи 3-0. Полскиот ас на стартот од вториот дел со нов гол стави крај на сите надежи на гостите, додека конечните 5-0 ги постави Камара (автогол).