Незапирливата француска гол-машина Карим Бензема го достигна легендарниот Раул Гонзалез, некогаш најдобар стрелец на сите времиња во Реал Мадрид и се израмни по број на голови на второто место на најдобри стрелци во историјата на „кралевите“ со својот гол вечерва против Леванте.
Бензема дојде до 323 гола во дресот на „кралскиот клуб“, колку што Раул постигна во кариерата, па сега секој следен погодок на Бензема, ќе го осамне Французинот сам на втората позиција на најдобри стрелци веднаш зад недопирливиот Кристијано Роналдо, кој за девет години има 450 голови во белиот дрес.
За Бензема ова беше 44-ти гол во неговиот 44-ти меч сезонава за Реал.