Актуелниот шпански шампион Барселона продолжува со лошите игри, а секако и резултати. Денеска одигра 1:1 на гостувањето во Мадрид кај Рајо Ваљекано, но многумина сметаат дека каталонците се оштетени за чист пенал кој можеше да му ја донесе победата.
Имено, во последните моменти од натпреварот, во шеснаесетникот на Столе Димитриевски, неговиот соиграч ја промаши топката и го закачи Рафиња. Бразилецот падна на тревата, но судијата не покажа на белата точка, а не реагираа и судиите во ВАР-собата.
Со ремито, Рајо Ваљекано ја продолжи одличната серија во дуелите против Барселона, ова беше петти натпревар по ред на кој не загуби од каталонскиот тим.
https://twitter.com/i/status/1728430331882061862