Вечерва во седмото коло од Серија А, се одигра уште едно Дерби дела Моле помеѓу Торино и Јувентус, а избраниците на Макс Алегри однесоа минимална победа.

Гледавме две сосема различни полувремиња во Торино вечерва.

Јуве прв се закани преку МекКени, а потоа „биковите“ ја презедоа иницијативата на теренот и промашија две сериозни шанси преку Лукиќ и Мандрагора.

Продолжението на натпреварот ни донесе поинаква слика на теренот, па се истакна голманот на домашните Вања Милинковиќ Савиќ кој ги одбрани одличните удари на Алекс Сандро и Квадрадо .

Играчите на Макс Алегри се посилно го притискаа Торино, а таквиот пристап се исплатеше во 86. минута.

Мануел Локатели остана сам на работ од шеснаесетникот , шутираше непречено и го погоди долниот десен агол од голот за водство на Старата Дама. Во продолжението, Кулушевски можеше да ја отстрани секоја дилема околу прашањето за победникот, но стативата беше сојузник на Вања Милинковиќ Савиќ.

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=9JFoIAFb4bM

Јувентус со триумфот во градското дерби се најде осмата позиција со 11 бода, додека Торино е 10 -ти со осум.