Европските селекции играат пријателски натпревари, оние поквалитетните се подготвуваат за настапот на ЕВРО 2024.
Црногорците примија по еден гол во финишот од двете полувремиња. Белгија поведе со погодок на Де Брујне во 44. минута, а конечните 2-0 ги постави Тросар во судиското продолжение.
Јубилејниот стоти меч за националниот тим со гол го прослави Кевин де Бруин.
https://twitter.com/i/status/1798430659914121287
Франција го совлада Луксембург со 3-0. Килијан Мбапе се запиша меѓу стрелците, а претходно асистираше и за головите на Рандал Коло Муани и на Жонатан Клаус.
Норвешка го победи Косово со 3-0, со хет-трикот на Ерлинг Халанд.
Данска славеше против Шведска со 2-1, а победничкиот гол беше дело на Кристијан Ериксен во 85.минута од мечот.