ЦСКА Москва со 66-55 триумфираше на гости кај Уникс Казан и ја освои шампионската титула откако ја доби финалната серија со 4-1, Ненад Димитријевиќ немаше свој ден.

Кошаркарите на ЦСКА Москва знаеа од каде доаѓа најголемата опасност, па вечерва добро го затворија Димитријевиќ, македонскиот кошаркар не се изнаигра.

Нено постигна скромни девет поени, имаше шут од поле 2 од 9, не погоди ниту една тројка од пет шута. Најефикасен во составот на Уникс беше Џален Рејнолдс.

ЦСКА Москва одигра тимски меч, немаше кошаркар кој посебно се истакна, Антон Астапакович постигна 12 поени, Џекири Тони постигна 11, Тримбл Мело реализираше 10.

Ова беше последен меч за Димитријевиќ во дресот на Уникс Казан, од следната сезона ќе игра во Милано.