Кошаркарите на Монако на свој паркет ја изненадија ЦСКА Москва со 97:80 на затворањето на 7. коло од Евролигата.
Избраниците на Звездан Митровиќ одиграа на идеален начин, откако пред три дена во Кнежевството ја совладаа Црвена звезда (70:62).
За разлика од ЦСКА, која го забележа вториот пораз по Асвел, сега има 4-3, исто како и Монако.
Домаќинот предводен од Мајк Џејмс, кој пристигна во Монте Карло веднаш по непријатната разделба со ЦСКА, поведе на само 14 минути пред крајот и со фуриозна игра дојде до пресврт по 22 поени минус во втората четвртина.
Одличен беше српскиот кошаркар Данило Анѓушиќ со 16 поени, еден помалку од најефикасниот кај домаќинот Донт Хол, кој имаше и 10 скока за дабл-дабл учинок .
Џејмс застана на 10, со осум асистенции, но на крајот им зададе силен удар на московјаните кога се кршеше резултатот .
Кај ЦСКА, Вил Клејбурн имаше 19, Алексеј Швед 15, а Џоел Боломбој 13.
Евролига, 7 коло:
петок:
Уникс – Реал Мадрид 65:58
Зенит – Басконија 83:54
Анадолу Ефес – Жалгирис 94:60
Монако – ЦСКА Москва 97:80
Панатинаикос – Асвел 70:84
четврток:
Алба – Баерн 69:82
Олимпијакос – Фенербахче 67:65
Макаби – Барселона 85:68