Синоќа се одиграа седум натпревари во НБА лигата.
Леброн Џејмс се врати на паркетот и ги предводеше Лејкерси до победа по два пропуштени натпревари.
Лејкерси на свој паркет го совладаа Кливленд Кавалирс со 113:101.
Немаа така лесна работа како што покажува резултатот, бидејќи по првата четвртина загубија со седум разлика, додека на полувремето имаше нерешено.
Во последната четвртина влегоа со +3, Кливленд направи пресврт за осум минути, но со тројката на Кармел и поените на Леброн и Дејвис го презедоа водството, бидејќи направи серија од 10:0.
Џејмс постигна 26 поени и 8 асистенции, Кармело Ентони имаше 25, Вестбрук 19 и Дејвис 16 поени.
На другата страна се истакнаа Мобли со 23, Гарланд (11 асистенции) и Рубио со по 18 поени и Марканен со 17.
Портланд Трејл Блејзерс го совлада Лос Анџелес Клиперс со 111:92.
Демијан Лилард го предводеше Портланд со 25 поени и за разлика од претходните натпревари, сега шутираше 56% од поле.
Јусуф Нуркиќ постигна 14 поени и 17 скока, а МекКолум додаде и 14 поени.
Од друга страна, Пол Џорџ постигна 42 поени.
Бруклин Нетс го совлада Индијана Пејсерс со 105:98.
Џејмс Харден беше најдобар со 29 поени, 8 скока и 8 асистенции, додека Кевин Дурент постигна 22 поени, 11 скока и 7 асистенции.
Двоцифрен беше и Ламаркус Олдриџ со 21 поен.
Кај Индијана се истакнаа Тори Крег со 28 поени и 11 скока и Крис Дуарте со 18. Сабонис постигна 16 поени.
Мајами го победи Шарлот Хорнетс со 114:99.
Џими Батлер постигна 32 поени и 10 скока, Бем Адебајо 26 поени и 19 скока и Тајлер Хиро 26 поени.
Кај Шарлот најефикасни беа Хејворд со 23, Бриџис со 22 и Убре со 17 поени.