Кошаркарите на Црвена Звезда се поразени од Барселона со резултат 99:94 во 16.коло на Евролигата. Звезда се бореше на свој терен, но по продолженијата го загуби дуелот со славниот каталонски клуб.
Херој за гостите беше Никола Миротиќ кој со тројка со звукот на сирената донесе продолжение, а таму Барселона беше подобра.
Инаку најефикасен на мечот беше Немања Недовиќ од Звезда со 24 поени, а 19 имаше кошаркарот на Барселона Томаш Саторански кој исто така запиша и 10 асистенции.
Миротиќ погоди тројка за продолженија, но кошот не требаше да биде признаен бидејќи пред да шутне тој ја газеше аут линијата. И покрај сета технологија со која располагаат, судиите направија голем пропуст и ја оштетија Црвена звезда.
На другите натпревари:
Лион – Алба 79:91, Панатинаикос-Олимпијакос 71:95