Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска, Франк Кеси беше еден од најзаслужните за минатосезонското прво „скудето“ после една деценија за Милан. Но на крајот на сезоната си замина како слободен играч во Барселона и направи голема грешка – минутажата му е премала.

Кеси не се снајде на „Камп Ноу“ и не се наметна премногу за средниот ред во кој главна улога има тинејџерскиот двоец Педри – Гави поддржан од најискусниот и капитен Серхио Бускетс. Но, иако нема минутажа, Кеси не инсистира на трансфер зимава сакајќи да се наметне кај Чави.

Сепак, последните информации на каталонски „Спорт“ се дека на адреса на гигантот дојдена е понуда од 13 милиони евра за Кеси од Тотенхем, кој сака да го засили средниот ред и Барса сега е во расчекор, дали да го задржи или да направи „бомбона биснис“ – да заработи на фудбалер кој ништо не ги чинеше.