Екипите на Брајтон и Арсенал играа нерешено 1-1, со што фаворитот од Лондон пропушти голема можност да му се доближи на лидерот Ливерпул пред дуелот на „црвените“ со Манчестер Јунајтед. Иако тимот на Микел Артета дојде во водство, тимот на Брајтон успеа да се врати во игра во второто полувреме и го оствари своето десетто реми во последните 20 натпревари во Премиер – лигата.
Арсенал поведе со голот на младиот Итан Нуанери во 16. минута, но Жоао Педро изедначи во 61. минута од пенал.
Арсенал остана на втората позиција со 40 бодови, пет помалку од Ливерпул, кој има и два натпревари помалку.