Кошаркарите на белградски Партизан постигнаа убедлива победа во  белградската арена над Макаби Тел Авив од 98:75 на дуелот од 19.коло во Евролигата.

Партизан уште од самиот старт на мечот најави ваков епилог и првата четвртина ја доби со 27:12, а предноста потоа дополнително ја зголемуваше до крајот на пресметката во Белград.

Ова за „црно-белите“ беше деветта победа, а лидер на тимот беше Браун со 21 поен, 4 асистенции и 3 украдени топки, за Макаби, Блат постигна 16 поени.

Барселона пак дојде до важен триумф на гостински терен кај Париз. Каталонците кои играат со многу осцилации во досегашниот тек на Евролигата победија со 90:79, Петмина играчи беа двоцифрени, а најефикасен беше Ернангомез со дабл-дабл од 23 поени и 10 скокови.

Кај францускиот претставник за кого ова беше четврти пораз во серија, македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше најдобар играч, постигнувајќи 20 кошеви и 4 асистенции.

 

Панатинаикос  го растури тимот на Виртус Болоња убедливи со 111-90. Актуелниот европски првак предводен од Кендрик Нан и Омер Јуртсевен, кои постигнаа по 27 кошеви стигна до 12-та победа, на спротивната страна најдобар беше Вил Клајбурн со 25 поена.

На другите натпревари:

Фенербахче-Анадолу Ефес 84:76

Реал Мадрид-Баерн Минхен 88:76

Панатинаикос-Виртус Болоња 111:90